Поврзи се со нас

Вести

Меѓународен ден за борба против корупција

Објавено

на

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември,  Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска на брифинг за новинари ќе информира за актуелните процеси поврзани со унапредувањето на работата на ДКСК кон остварувањето на поставените стратешки цели, како и за актуелните прашања и случаи од надлежност на комисијата за кои има јавен интерес.

Активности се најавени и во Владата, каде вицепремиерката за политики за добро управување, во соработка со вицепремиерот за европски прашања и евроамбасадорот Дејвид Гир,  организира состанок со институциите со надлежност за справување со корупцијата, на кој ќе се разгледаат забелешките од Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија подготвен од Европската комисија. На затворена сесија на состанокот ќе се дефинираат целите врз основа на Извештајот на ЕК 2022 година и динамиката на спроведување на препораките за институциите вклучени во борбата против корупцијата.

Вицепремиерката  Грковска, завчера на панел на тема „Кревки демократии“ што се одржа во Рим, порача дека политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава.

-Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во институциите, да имаме администрација која ќе биде на услуга на граѓаните и да се создадеме систем кој ќе биде отпорен на корупција, рече Грковска на панелот во рамки на Конференцијата „Перспективите на Балканот и Црното море 2022“, во организација на НАТО, НАТО Фондацијата за одбрана, како и италијанското Министерство за надворешни работи.

Американската амбасадорка во државава Анџела Агелер пред три дена на Твитер објави дека тим за санкции од Вашингтон пристигнал во земјава за да изврши поагресивен увид во поранешните и сегашните корумпирани актери, и да ги разгледа сите можни одговори.

– Правосудниот сектор на Северна Македонија има потреба од повеќе истраги и гонења, за да се покаже дека никој не е над законот, подвлече Агелер, која и претходно порача дека иако земјава чекори на патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот.

Заменик-помошникот на државниот секретар на САД Габриел Ескобар, пак, пред неколку дена изјави дека санкциите на САД за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и оти Вашингтон ќе продолжи со санкционирање корумпирани функционери од регионот.

Во пресрет на Меѓународниот ден за борба против корупцијата на оваа тема се огласи и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски наведувајќи дека тоа е една од  причините зошто се потребни за предвремени парламентарни избори.

-Криминалот и корупцијата го уништуваат системот. И тоа е старата болка на оваа власт за која зборуваме секојдневно. И по објавувањето на информацијата дека американски истражители ќе дошле да откриваат криминал, навистина се смешни но и трагични оние изјави од власта како тоа тие ќе го поддржеле. Не може никој денеска со истите оние луѓе кои што се причина за тој криминал и корупција да се бори против криминалот и корупцијата. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, нови луѓе да ги водат тие институции и тогаш вистински ќе видат како се бори против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски, на настан во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 3 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 7 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 8 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 10 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 12 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 13 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена