Поврзи се со нас

Гостивар

Во срцето на Гостивар 16 дрвца како спомен на жртвите во несреќата кај Ласкарци

Објавено

на

Дождливото сиво небо што го обвитка Гостивар денес, како да заплака повторно за трагично загубените животи во големата автобуска несреќа кај Ласкарци од 2019-та година. Семејствата, роднини и пријатели на жртвите се собраа во малиот парк во центарот на градот, каде се засадени 16 дрвца во нивна чест, за вечен спомен.

„Овие 16 дрвца претставуваат симбол на една љубов, едно дрво-еден живот, едно срце за сите, а сите 16 остануваат во нашите срца вечно. Да се сеќаваме, никогаш да не забораваме и да не се повтори“, рече Соња Аврамоска, мајка на загинатиот Бобан Аврамоски.

И во ова прилика, како и претходно семејствата реагираа на одолговлекување на судскиот процес за несреќата.

„Ова е четврта година од трагедијата кај Ласкарци во која загувиме 16 најблиски од нашите семејства, а повеќе од 30 сограѓани се здобија со тешки повреди и трауми до крај на својот живот. Тоа беше тежок удар за сите нас, за нашите семејства , за целиот град Гостивар. Овој периоод е многу тежок и мачен, а судскиот процес е маратонски долг, психичко-емотивно и здравствено исцрпувачки, и за жал заплеткан во судските лавиринти, како да се чека да избледнат сеќавањата и да се заборави трагедијата. Но и покрај сето тоа сите ние заедно тука ќе ги изнесеме правдата и вистината на виделина. Преку засадување на овие дрвца пак ќе се сочуваат спомените и сеќавањата на починатите кои засекогаш ќе останат во нашите срца.“, кажа Синиша Ристоски, брат на загинатиот Дејан Ристоски.

Иницијативата за засадување на дрвцата ја покренаа семејствата, а ја поддржа Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило, од каде најавија дека вои следниот период на местото ќе биде поставена спомен плоча со имињата на настраданите.

Во трагедијата која се случи на 13 февруари 2019-та година животите ги загубија: Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамоски, Трпана Јаневска, Павле Костоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо и Ерза Османи.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 12 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 13 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 15 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 16 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 17 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 19 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 19 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 20 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена