Гостивар
До 50 евра казна за пешаци кои претрчувале улици во Гостивар, ќе одат и на час по сообраќајна култура
Секторот за внатрешни работи Тетово извести дека продолжува со континуирани контролни активности за поголем ред и безбедност во сообраќајот во Полошкиот регион. Вчера (14 декември) од 8 до 12 часот спроведена е акциска контрола на пешаци, во која вкупно биле откриени и санкционирани 46 прекршоци (Тетово-28 и Гостивар-18). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини. На сите пешаци-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, а ќе бидат повикани и на таканаречена сообраќајна поука, со напомена дека глобите зависно од видот и карактерот на прекршокот се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност, информира полицијата.
Покрај ова, биле санкционирани уште 5 други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово уште еднаш со апел до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат на улиците и патиштата на кои нема обликувани тротоари. На возачите,пак, им се укажува секогаш задолжително да им даваат предност, односно првенство на пешаците и да не ја доведуваат нивната, но и сопствената безбедност.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот