Гостивар
Полицијата во контроли за продажба и употреба на петарди

Секторот за внатрешни работи Тетово, деновиве значително ги засили контролните и други активности, поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства, но и со користење на огнено оружје на празнични и семејни свечености.
Во таа насока, на трговците, родителите и учениците (основци и средношколци) повторно им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа дело казниво по член 396 е предвидена е казна затвор од 3 до 10 години. Истото се однесува и кога станува збор за пукање со огнено оружје на различни места и по различни поводи.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира, особено до учениците од основните училишта, исто така, да не користат пиротехнички средства, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото.
Во функција на безбедно прославување на претстојните празнични и други свечености, покрај другото, а со цел навремено информирање на граѓаните, од Отсекот за превенција на СВР Тетово планирани се и до крајот на мсецот ќе се организираат состаноци, односно средби со советодавните групи на граѓани. Покрај тоа, ќе се дистрибуираат и поголем број флаери и плакати со пораки „Не користи пиротехнички средства“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава