Гостивар
Предновогодишна радост и хуманост споени во настан на плоштадот во Гостивар
Првиот ден од хуманитарниот предновогодишен хепенинг на градскиот плоштад во Гостивар помина во весела атмосфера, со интерес и внимание од гостиварци, особено од најмладите. Со радост и возбуда се фотографираа со омилениот Дедо Мраз и се дружеа со останатите учесници, не заборавајќи да ја покажат својата хуманост преку донации.
„Штандот денес го посетија многу дечиња и граѓани кои со задоволство донираат средства, за што пак добиваат подарок, рачни изработки кои учениците од техничкото училиште посветено ги правеа цели три месеци. За подарување добивме и новогодишни честитки изработени од вредните раце на дечињата од градинките „Детска радост“. Неизмерно сме благодарни на сите што се вклучија и даваат свој придонес за успешен настан.“, рече Валентина Тасеска од Здружението за култура, спорт и образование ,,Анисија“, во чија организација е хепенингот.
Собраните средства во соработка со здружението Whren in Trouble и Центарот за социјални работи ќе се наменат за ранливи категории деца, семејства во зависност од потребата.
Хепенингот продолжува и во следните два дена во периодот од 10 до 15 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот