Гостивар
Гостивар се збратими со црногорскиот туристички град Улцињ

Со потпишување на Повелба за пријателство и соработка денес се официјализираше збратумивањето меѓу Гостивар и Улцињ. Документот го потпишаа градоначалниците Арбен Таравари и Омер Бајрактари.
„Гостивар има и други општини со кои е збратимен во БиХ, Хрватска, Бугарија, Косово и Албанија, а сега сме уште побогати со ново пријателство со Улцињ, Црна Гора. Имаме многу заедничко, доста наши луѓе таму живеат и работат. Тоа е добро познат град за нас гостиварци, затоа што знаеме многу често летните одмори да ги поминуваме таму. Посебно заодовлство ми е што развиваме подлабока сораотка, се надевам на заеднички екоиномски проекти, но и активности во образование,култура, спорт кои може да не‘ зближат уште повеќе“, изјави Таравари.
И неговиот колега Бајрактари искажа задоволство од постигнатата соработка и надеж дека во иднина ќе се реализираат заеднички проекти и ќе се унапредат пријателските односи.
На потпишувањето на Повелбата присуствуваше и Амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.
Гостите потоа ја проследија свеченоста по повод Денот на општина Гостивар, 23 Декември.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава