Поврзи се со нас

Гостивар

Семејства во Гостивар ги отвораат домовите и срцата за деца без родителска грижа

Објавено

на

За прв пат во Гостивар семејства пројавуваат интерес и подготвеност да станат згрижувачи на деца без родителска грижа. До сега поради немање заинтересираност, дечињата од гостиварскиот регион што имаа потреба од згрижување, се сместуваа во установи за таква намена. Во иднина ќе добијат можност да растат и да се воспитуваат во семеен круг и топол дом.

Според информациите од гостиварскиот Центар за социјална работа, шест семејства поднеле документи и отпочнале процедура да станат згрижувачки семејства. Социјалните служби нагласуваат дека е важно што при сместување на децата, браќа и сестри одат на згрижување заедно, односно не се одвојуваат.

Семејствата кои згрижуваат деца без родителска грижа добиваат месечен надоместок определен од Министерството за труд и социјала (околу 16.000 при згрижување на едно, 14.500 за секое дете при згрижување на две деца итн.) Општина Гостивар пак се обврза да им исплаќа на семејствата дополнителни 10.000 денари по месец.

Во октомври минатата година, Гостивар беше дел од кампањата „Подај рака, промени живот-стани згрижувач!“ што ја спроведуваат СОС Детско село и Министерството за труд и социјална политика.

На промотивниот настан беше потенцирано дека сместувањето на децата во згрижувачко семејство е најсоодветен облик на заштита на децата бидејќи се овозможува нивен правилен психо-социјален развој во услови најблиски до биолошкото семејство.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена