Македонија
Јануарските пензии легнуваат на сметка на пензионерите од денес
Од денеска почнува етапната исплата на пензиите за јануари, кои продолжуваат да се исплаќаат предвремено, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.
Исплатата на пензиите со висина до 11.000 денари ќе се изврши денеска, а утре ќе има исплата на пензиите со висина од 11.001 до 14.000 денари.
За пензионерите кои добиваат пензија со висина од 14.001 до 18.000 денари, исплатата ќе се изврши в среда. В четврток ќе има исплата на пензии со висина над 18.001 денари.
-Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 јануари (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, потсетуваат од Министерството за труд и социјална политика.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот