Гостивар
67 години од мавровската трагедија во која згаснаа 52 животи
Се навршуваат 67 години од трагичниот настан кога во лавини што го зафатиле мавровскиот крај, животот го загубиле 52 лица – градители на хидроенергетскиот систем Маврово, граничари и месно население.
Ноќта на 11 февруари, 1956 година, по долината на Радика (во околината на селата Рибница, Торбешки мост и Стрезимир) неколку снежни лавини се урнале врз куќи, бараки на градежници и караули при што биле затрупани стотина луѓе. Спасувачките екипи успеале да извлечат само половина од нив. Февруарската снежна трагедија е една од најголемите предизвикани од временска непогода на нашето подрачје.
Споменикот на градителите близу браната е подигнат во 1970 година, а ја симболизира нивната храброст и пожртвуваност. На спомен плоча пак се врежани имињата на сите загинати во снежните лавини.
Годишнината со пригоден собир и положување на цвеќе на споменикот на градителите во Маврово ќе биде одбележана во понеделник.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ