Вести
Турција се согласи Финска да влезе во НАТО, не и Шведска
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека ратификацијата на членството на Финска во НАТО ќе биде завршена до претседателските избори во Турција, но тоа не може да го потврди за Шведска.
- Бевме принудени да го разгледаме членството на Финска одвоено од Шведска бидејќи таму нема манифестација на тероризам како во Шведска. Се надевам дека целиот процес на ратификација ќе биде завршен пред изборите – рече тој.
Како што појасни, Турција не може да каже „да“ за членството на Шведска во НАТО доколку официјален Стокхолм не застане на страната на Анкара во борбата против тероризмот.
- Тероризмот за нас е црвена линија. Ние немаме посебни односи со Шведска, но Стокхолм ги прифати терористите. Курдистанската работничка партија организира демонстрации на улиците на Стокхолм. На Швеѓаните им врачивме список од 120 терористи и побаравме нивна екстрадиција. Премиерот на Шведска е добар човек, но не ни ги предаде терористите – рече Ердоган.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот