Гостивар
Новата градинка во Гостивар ќе биде готова во мај, најавена изградба на уште една во 6-та Зона
Гостивар ќе добие нова детска градинка во мај. Изградбата на објектот со кој се проширува постоечката единица „Цветови“ е во завршна фаза и веќе се прават поготовките за уредувањето. Капацитетот на градинката ќе биде околу 110 дечиња, со што ќе се намали листата на чекање за упис. Утрово градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари беше на увид во работите.
„Објектот е скоро готов и се надевам дека во средина на мај ќе се промовира и ќе биде пуштен во употреба. Ние ветивме четири нови градинки, ова е веќе петтата со која практично се додава капацитет од над 100 деца. Планираме изградба и на шеста градинка, која се надевам ја ќе започнеме за некаде 2 до 3 месеци, таа ќе биде лоцирана во Шеста зона и се надевам идната година и таа да се пушти во употреба и сите очекувања на родителите да се исполнат, односно да нема време на чекање за прием во градинките“, рече градоначалникот.
Во однос на вработувања на кадри кои ќе бидат потребни за новата градинка Таравари рече: „Постои еден грч меѓу Министерството за финансии што не одобрува нови вработувања и за образование и за градинките и ние како општина принудени сме тоа да го спроведуваме со договори, но се надевам дека во тек на оваа година ќе го решиме и тој проблем.“
Моментално во детските градинки во Гостивар згрижени се околу 640 деца, а просекот во март месец бил над 700. На листата на чекање има околу 300 дечиња.
Инаку во стариот објект на градинката „Цветови“ периодов ќе се реновираат две занимални.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар