Поврзи се со нас

Македонија

Граѓаните ќе можат да добијат уверение за државјанство на е-маил и мобилен телефон

Објавено

на

„Започнуваме со процесот на дигиталната трансформација на услугите за граѓаните во однос на издавање на уверение за државјанство на Република Северна Македонија во електронска форма. Притоа, граѓаните можат да добијат уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Преку Националниот портал за електронски услуги, барањето може да се реализира преку е-маил адреса или паметен телефон. Барањето се поднесува во лично име и за свое малолетно дете, а услугата е достапна на веб-сајтот www.uslugi.gov.mk, лични документи и исправи, државјанство. Барање може да поднесе лице кое има државјанство на Република Северна Македонија и е регистрирано на порталот за е-услуги, преку Системот за единствена најава, односно Националниот портал за електронски услуги, согласно прописите од областа на електронското управување и електронски услуги и од областа на електронските документи, електронската идентификација и доверливи услуги“, појасни министерот.

Тој информираше дека досегашниот начин на издавање на уверение за државјанство во хартиена форма, ќе продолжи да се издава на досегашниот начин – лично или со полномошно на шалтерите во управните служби на Министерството за внатрешни работи, независно каде лицето има пријавено живеалиште.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу рече дека тука се за да објават дигитални услуги во коишто Министерството, врз основа на програмата и Националната стратегија за дигитална трансформација на државата, почнува да ги промовира дигиталните услуги што ги имаат развиено заедно со министерства и други институции, каде нудат сервиси за граѓаните.

Како што посочи тој, тие сметаат дека преку дигитализација ќе ги подобрат услугите кон граѓаните, што ќе бидат во реално време и исто така, ќе го намалат влијанието на администрацијата.

„Веруваме дека преку процесот на дигитализација, исто така, ќе овозможиме нашите граѓани во реално време да дојдат до сервиси коишто им се потребни. Целта е до крајот на годината да дигитализира над 150 дигитални услуги коишто ќе бидат услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk. Исто така, сакам да ве информирам дека преку Агенцијата за дигитализација која што ќе биде амбрела на ниво на државата за процесите на дигитална трансформација овие услуги ќе може и понатаму да бидат потполно дигитализирани во коишто факторот човек ќе биде занемарен“, додаде Алиу.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 1 час

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 2 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 4 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 6 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 7 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 20 часа

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 21 час

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 22 часа

Куче скитник утрово нападнало гостиварец

Македонијапред 23 часа

Одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена