Поврзи се со нас

Гостивар

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Објавено

на

Група родители на ученици во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар се обратија до нашата редакција да го споделат со јавноста своето барање за воведување на целодневна настава во училиштето, нешто што велат дека им е крајно неопходно, разочарани поради тоа што никој не одговара на нивните барања, ниту пак има најава дека нешто ќе се преземе во иднина, оставајќи ги и родителите и децата да се снаоѓаат кој како може, бараат надлежните да им излезат во пресрет.

Се работи за група од стотина родители на деца од прво, второ и трето одделение, на кои поради секојдневните работни обврски целодневната настава им е реална потреба, нагласувајќи дека во случајов најмногу страдаат децата.

Во продолжение писмото на родителите:

„Ние како родители инсистираме да се воведе целодневна настава во училиштето со што ќе се подобри квалитетот на образовниот процес и учениците ќе бидат целосно посветени на совладување на наставните содржини преку дополнителните активности по завршувањето на часовите, а со тоа ќе се постигне побрзо меѓусебно запознавање и социјализирање. Во градинката моментално има две школски групи со капацитет од 30 деца во група, а потребите се многу поголеми. Поради тоа се соочуваме со проблем. Пред точно една година поднесовме барање до Сектор за образование на Општина Гостивар и до ООУ Гоце Делчев, и усно ги запознавме со нашата потреба, но за жал после една година ние не добивме никаков одговор од двете страни. И оваа година уредно и навремено поднесовме барања, одговор уште нема. Бидејќи напредокот и благосостојбата на децата секогаш треба да бидат на прво место се надеваме дека нашите барања овој пат ќе бидат сериозно разгледани. Во име на групата родители – Слаѓана Котеска.“

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 8 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 10 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 14 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 15 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 17 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 18 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 20 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена