Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Телото ни кажува кога недостига нешто клучно во исхраната

Објавено

на

Телото вообичаено испраќа предупредување кога нешто му недостига во исхраната, за да се одржи нормалното функционирање. Следат пет вообичаени проблеми што може да бидат предизвикани од недостаток на хранливи материи во телото.

Крвавење на непцата

Тоа може да биде знак за многу нешта, вклучително и гингивитис, но и грубо четкање или чистење со конец. Меѓутоа, неодамнешна анализа откри дека крвавењето на непцата може да биде и знак на недостиг на витамин Ц. Тоа ќе рече – зголемениот внес на овој витамин помага да се намали проблемот со крвавењето. Затоа се препорачуваат пиперки и брокула, а и овошја како портокали, папаја и бобинки.

Запек и надуеност

Тегоби како овие може да укажуваат на недоволен внос на вода и влакна. Запекот може да се намали ако се внесат потребните количини влакна и течности во исхраната. Препорачаните количини влакна се меѓу 25-35 грама дневно од извори како што се овошје, зеленчук, јаткасти плодови, семки, житарки.

Покрај влакната, хидратацијата е клучна компонента за влошување на запек.

Губење на косата

Оваа појава може да е поради неколку причини. Може да биде генетска или предизвикана од хормонски проблеми… Неодамна имаше извештаи за луѓе кои закрепнале од Ковид-19, а искусиле губење на косата. Тоа може да биде несакана последица од лековите, проблеми со тироидната жлезда или други здравствени проблеми.

Губењето на косата може да укаже и на можен недостаток на протеини и есенцијални масни киселини. Советот на лекарите гласи – сосредоточете се на ниско масни протеини и омега-3 масни киселини.

Црвена кожа

Лошата исхрана и Сонцето во прекумерни количини се непријатели на здравата кожа, нешто што го потврдуваат и многу истражувања. Неодамнешно истражување од Универзитетот на Калифорнија покажа дека типичната западна исхрана (богата со преработена храна богата со масти и шеќер и со низок внес на цели зрна, овошје и зеленчук) причинува појава на воспаление на кожата.

И претходните истражувања покажаа поврзаност со дебелината и состојбата што се манифестира како сува, нерамна и лушпеста кожа. Сепак, новото истражување посочува дека и симптомите на псоријаза може да се појават со лоша исхрана, многу пред промените во тежината. Тука се препорачува разновидна храна, влакна и ограничени заситени масти.

Рани кои бавно зараснуваат

Недостатокот на витамини Б во исхраната може да доведе до бавно зараснување рани по вообичаена мала повреда. Иако постојат многу причини за бавно зараснување на раните (како хронични болести и стареење), некои научни трудови покажуваат дека причината може да биде и недостиг на витамините Б. За поголем внос на овие витамини, се јадат цели житарки, помалку масно месо, јајца, мешунки и плодови од зелениот зеленчук.

Квалитетот на исхраната може да помогне за намалување на опасноста од хронични болести, по здравјето на цревата и тежината. Следниот пат кога ќе се појави некој од горенаведените симптоми, прегледајте внимателно што јадете, советуваат лекарите.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 49 минути

Тамара од Гостивар освои Гран При на музички фестивал во Белград

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Спортпред 2 часа

Комплетирани финалните пресметки во Лига Европа и Конференциската лига, Баер испишува историја

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Макрон и честита на Сиљановска Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели

Гостиварпред 4 часа

Централно празнување на Балаклија во „Света Петка“ во Гостивар

Гостиварпред 5 часа

Апел за внимателност до возачите, ноќеска имало одрон на патот Гостивар-Маврово

Гостиварпред 6 часа

Викенд временска прогноза

Деца Родителипред 20 часа

Рани знаци на аутизам може да се откријат и пред тригодишна возраст

Вестипред 21 час

Путин на Денот на победата предупредува на можноста од глобален судир

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена