Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

Објавено

на

На локација близу мавровско Ново Село, вчера и денес се одржува традиционалната Меѓународна изложба на кучиња CACIB 2023. Настанот се организира секоја година на почетокот на август, и на едно место собира бројни љубители на кучињата, одгледувачи, кинолози од држави од цела Европа. Домаќин на изложбата е Кинолошкото друштво Скардус од Гостивар, од каде изразија особено задоволство за интересот и масовноста на случувањето.

„Ова е најбројната изложба што сме ја направиле до сега, со над 300 кучиња, а учесниците се дојдени од 25 европски држави. Меѓу нив и Норвешка, Финска, Данска, Полска, Словачка, од Украина имаме преку 30 ученици, потоа од Шпанија, Италија и целиот Балкан. Кучињата спаѓаат во 115 раси поделени во 10 групи, а имаме и 11-та група, односно кучиња од непризнати раси или раси во фаза на признавање. Расните групи се: овчарски кучиња, планински кучиња, териери, јазевичари, кучиња за влечење санки и сибирски кучиња, загари, птичари, апортери, кучиња за пратња и разонода (пудлици, пекинезери) и хртови.“, појасни претседателот на Кинолошкото друштво Скардус, Миле Алексоски, кој е и еден од судиите на изложбата.

Сопствениците со исклучителна посветеност ги подготвуваа своите кучиња за претставување пред судиите. Грижливо и внимателно им ги средуваа влакната, ги украсуваа фризурите, им ги повторуваа вежбите за држење на телото, скокање и слично. Секоја раса си бара посебен третман и има свои потреби, а во подготовките во одредени случаи беа вклучени и цели семејства.

cacib 2023 (2)
cacib 2023 (10)
cacib 2023 (9)
cacib 2023 (7)
cacib 2023 (15)
cacib 2023 (3)
cacib 2023 (16)
cacib 2023 (8)
cacib 2023 (6)
cacib 2023 (11)
cacib 2023 (5)
cacib 2023 (12)
cacib 2023 (17)
cacib 2023 (14)
cacib 2023 (4)
cacib 2023 (13)
cacib 2023 (2) cacib 2023 (10) cacib 2023 (9) cacib 2023 (7) cacib 2023 (15) cacib 2023 (3) cacib 2023 (16) cacib 2023 (8) cacib 2023 (6) cacib 2023 (11) cacib 2023 (5) cacib 2023 (12) cacib 2023 (17) cacib 2023 (14) cacib 2023 (4) cacib 2023 (13)

Иако секое куче има специфика, белег и уникатност, како поголема атракција на изложбата може да се издвои перуанското голокожо куче и американското голокожо куче, кои се многу ретки раси, без ниту едно влакно на нив.

Инаку, Кинолошкото друштво Скардус од Гостивар постои од 1996 година и има 30-тина членови од градот и околината. Посветени се на кинологијата, унапредување на расните кучиња како и обука на деца за однесување со кучиња и развивање љубов кон животните.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 42 минути

Тамара од Гостивар освои Гран При на музички фестивал во Белград

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Спортпред 2 часа

Комплетирани финалните пресметки во Лига Европа и Конференциската лига, Баер испишува историја

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Макрон и честита на Сиљановска Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели

Гостиварпред 4 часа

Централно празнување на Балаклија во „Света Петка“ во Гостивар

Гостиварпред 5 часа

Апел за внимателност до возачите, ноќеска имало одрон на патот Гостивар-Маврово

Гостиварпред 6 часа

Викенд временска прогноза

Деца Родителипред 20 часа

Рани знаци на аутизам може да се откријат и пред тригодишна возраст

Вестипред 21 час

Путин на Денот на победата предупредува на можноста од глобален судир

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена