Вести
УЈП со обука во Гостивар: Да не се заработува на црно за време на Супер Купот
Управата за јавни приходи ги потсети угостителите и хотелиерите од гостиварскиот регион на законските правила и обврски, во пресрет на Супер Купот на УЕФА, кој се одржува на 8 август во Скопје.
На обуката организирана во Гостивар присутните добија информации за издавањето фискална сметка, оданочување со ддв и пријавување на приходи од имот и имотни права.
„Во тој период се очекуваат голем број посетители од странство и ние мора да се покажеме како добри домаќини, подготвени да одговориме на барањата во рамки на законите“, рекоа од УЈП.
Даночниците велат дека посебен акцент се става на угостителите кои ги потсетија на обврската за издавање фискални и регистрирање на прометот.
„Нашите служби имаат забележано дека одредени угостители, или не употребуваат пропишана фискална апаратура и опрема или издаваат несоодветни фискални сметки и затоа посебно внимание ќе обрнеме на оваа категорија даночни обврзници“, потенцираше Агрон Емини, даночен експерт.
Управата за јавни приходи најави засилени контроли во деновите пред и по одржување на Супер Купот, кога во главниот град ќе играат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница