Поврзи се со нас

Гостивар

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Објавено

на

На денешен датум (9-ти мај) пред девет години во оружена престрелка во кумановско „Диво Насеље“ загинаа осум припадници на безбедносните сили, меѓу кои Горан Илијевски Мече од Гостивар и Ненад Серафимовски од гостиварско Зубовце. Горан и Ненад учествуваа во полициската акција, првиот како припадник на единиците за брзо распоредување, а вториот како припадник на специјалната единица Тигри.

Илијевски имаше 41 година, а во МВР беше вработен од 2002 година. Неговите сограѓани го паметат по ведриот дух и како еден од главните иницијатори за возобновување на манифестацијата Водици во Гостивар. Серафимоски, познат како голем спортист и професионалец, загина на 28 годишна возраст.

Минатата година беше откриена спомен-плочата во кругот на СВР Куманово на полициските службеници кои го положија животот во антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година.

Вооружената престрелка во Куманово започна рано утрината во 4 и 30 часот и траеше речиси непрекинато 28 часа. Животите ги загубија: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Загинатите бранители постхумно беа одликувани со „Медал за храброст“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена