Македонија
Шок за пушачите во Македонија: Ново големо поскапување на цигарите
Кутија Родео, еден од најпопуларните брендови меѓу македонските пушачи од пред месец дена наместо за 63 се продава за 68 денари. Поскапи се и Давидоф кои сега се продаваат по 135 денари.
Согласно правилникот за акцизите на цигарите, државата предвиде до оваа година цигарите годишно да имаат по 3 денари од кутија повисока акциза, а следниот 1 јули, 2017та година, акцизата да порасне за 4 денари по кутија.
Сепак, производителите решија да направат поскапување и за до 5 денари по кутија, а некои брендови, како на пример Марлборо за неколку месеци поскапеа и по 10 денари за една кутија.
Поголемиот дел од палетата цигари што ја нуди скопскиот тутунски комбинат “Империјал тобако”, од први јули годинава веќе се продава поскапо.
Од пред неколку дена, Марлборо во тврдо пакување се продава по цена од 130 денари за кутија додека по 5 денари за кутија, на 100 денари поскапеа и Марлборо едициите на малку потенки цигари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот