Поврзи се со нас

Гостивар

Сведочење на вештаци за случајот „Ласкарци“ во Кривичен суд

Објавено

на

„Повеќе верба даваме на материјалните докази, отколку на изјавите, нив ги анализиравме во смисла дали е можно, не е можно, потврдено, претпоставено, и така натаму“, изјави вештакот Љупчо Постолов во врска со анализата на движење на автобусот во случајот за несреќата кај Ласкарци.

Ова беше одговорот на прашањето од јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, дали ги земале предвид исказите на сведоците кои биле будни и кои даваат објаснување какво било движењето во првиот дел од од патот.

Според вештакот, автобусот не ја прател постепената блага кривина и од тие причини дошло до таа појава.

„Повеќе пати одевме и проверуваме и своите животи ги стававме во опасност. Главното беше кога сообраќајот беше регулиран од страна на припадниците на МВР“, рече вештакот, образложувајќи како дошле до заклучоците од супервештачењето.

Според Постолов, можело да има реакција за сопирање со насочување на воланот кон десно.

„Од сето тоа ние заклучивме дека возачот на автобусот не реагирал, иако имал можноста, односно освен со нога, можел да реагира со рака, раце, за времетраење од 0,5 секунди, а од првата трага до ударот во првата ограда поминале 1,67 секунди што укажува дека возачот имал доволно време да реагира“, рече вештакот.

Во автобуската несреќа кај Ласкарци загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена