Поврзи се со нас

Гостивар

Фестивал „Отело“ Гостивар: Полна сала и громогласен аплауз за „Народен непријател“ на МНТ

Објавено

на

Вчеравечер во Гостивар, со претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар, беше отворен Интернационалниот театарски фестивал „Отело“. Гостиварци покажаа огромен интерес да ја проследат претставата на МНТ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ., и ја наполнија салата на Центарот за култура АСНОМ.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петар Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски. Екипата целосно го доби вниманието и наклоноста на публиката, која на крај ги награди со громогласен аплауз.

Во рамки на фестивалските вечери ќе бидат изведени уште пет претстави на театри од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија и Косово. Вечерва настапува Драмскиот театар од Габрово, Бугарија со претставата „Се надеам ќе играат добро“.

Фестивалот, кој годинава се одржува по седми пат, ќе биде затворен во недела со претставата „Први и последни“ на народниот експериментален театар од Тирана, и со доделување на награди за најдобра претстава, режисер, актер и актерка.

„Отело“ го организира истоименото здружение од Гостивар, со поддршка од Министерството за култура, Центарот за култура АСНОМ и спонзори.

Претставите почнуваат во 20 часот, влезот е бесплатен.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Тамара од Гостивар освои Гран При на музички фестивал во Белград

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Спортпред 3 часа

Комплетирани финалните пресметки во Лига Европа и Конференциската лига, Баер испишува историја

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Макрон и честита на Сиљановска Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели

Гостиварпред 4 часа

Централно празнување на Балаклија во „Света Петка“ во Гостивар

Гостиварпред 5 часа

Апел за внимателност до возачите, ноќеска имало одрон на патот Гостивар-Маврово

Гостиварпред 6 часа

Викенд временска прогноза

Деца Родителипред 21 час

Рани знаци на аутизам може да се откријат и пред тригодишна возраст

Вестипред 22 часа

Путин на Денот на победата предупредува на можноста од глобален судир

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена