Поврзи се со нас

Македонија

ЈО бара притвор за 3 приведени во случајот со исчезнатото девојче Вања

Објавено

на

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор за тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања, со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази.

„Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани“, се вели во соопштението на ЈО.

Од МВР информираат дека, СВР Скопје интензивно работи на рачистување на случајот, по што соодветно ќе ја информираат јавноста.

Инаку, во текот на вчерашниот ден беа приведени пет лица во врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања.

„Синоќа до доцните часови се работеше интензивно. Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило, со што се продолжува понатаму со активностите. Тоа е нешто плус што го презедовме во однос на сето она како доказ, како трага што го обезбедуваме, се со цел да дојдеме до расчистување на овој случај“, изјави вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој појасни дека низа криминалистички истражни мерки се презедоа во изминатиот период се со цел да се утврдат сите овие факти.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Занимливостипред 6 часа

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Гостиварпред 8 часа

Во ОВР Гостивар пријавен напад од основец врз соученик во двор на училиште

Гостиварпред 10 часа

На пазарот во Гостивар „од пиле млеко“ – Цените намалени, торбите пополни

Избори 2024пред 10 часа

ДИК прифати 6 приговори во Петтата изборна единица и еден во Шестата

Македонијапред 11 часа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени

Гостиварпред 12 часа

Две лица нападнати од кучиња скитници во Гостивар

Македонијапред 13 часа

Граѓаните за онлајн шопинг лани потрошиле 573,4 милиони евра

Технологијапред 14 часа

Надграден ChatGPT-Побрз, зборлест, па дури и флертува, ама се‘ уште греши

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена