Поврзи се со нас

Македонија

Запленета брендирана облека, обувки и чанти од Версаче, Диор, Гучи…

Објавено

на

Речиси две илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луј Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир.

Пратката, како што соопшти Царинската управа, била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари.

„Контролата е спроведена по преглед на документација и сомнение во изјавата на возачот, при што  во камионот се откриени 1.907 парчиња облека, обувки и чанти, сите со потпис на познати модни брендови. Против превозникот е поднесена пријава за повреда на право од интелектуална сопственост, а производите се запленети“, се наведува во оопштението.

Царинската управа, како што поочуваат оттаму, има значајна улога во заштита на правото од интелектуална сопственост и спречување нелегална трговија со фалсификувани производи и оттаму во континуитет презема мерки за спречување на ваквите криминални појави.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена