Гостивар
Новогодишна забава за дечињата во Гостивар, подарени над 600 пакетчиња
Градскиот плоштад во Гостивар денес беше место на детска радост, возбуда, игри и песна и новогодишни дарувања.
Дечињата најмногу му се радуваат на Дедо Мраз и тој ги почести со своето присуство на забавата, и им подари новогодишни пакетчиња. На големо задоволство, најмалите гостиварци имаа можност и да се дружат и фотографираат со омилените ликови од цртани филмови и приказни. Настанот го организираше Хуманитарното здружение „Др. Трајче Нешковски“ под мотото „Насмевка за секое дете“.
„Денешната предновогодишна детска забава се организира со цел да се доближи празничната атмосфера во градот и да се развие предновогодишната радост кај секое дете. Драго ми е што настанот поминува во позитивна атмосфера, има многу среќни дечиња, радосни и расположени. Нема поголема среќа од детската среќа и нема поголема радост од детската насмевка“, нагласи Ема Нешковска од здружението организатор.
Во текот на забавата, на која дојдоа и организирани групи деца од градинките и училиштата, Дедо Мраз подели повеќе од 600 пакетчиња.
Од Хуманитарното здружение на граѓани „Др. Трајче Нешковски“ од Гостивар рекоа дека и понатаму ќе продолжат со активности насочени кон поддршка на најмалите, на ранливите категории граѓани, промоција на позитивни вредности и слично.
Повеќе фото на нашиот Телеграм канал.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница