Поврзи се со нас

Гостивар

Неколку физички напади и тепачка за паркинг во Гостивар изминатите 24 часа

Објавено

на

Во последното деноноќие полицијата на гостиварско подрачје регистрира неколку физички напади и тепачка. Во продолжение информациите од полицискиот билтен:

Ноќеска во 1 часот и 55 минути после полноќ, 58 годишниот Ш.Б. од Добридол во СВР Тетово пријавил дека вечерта околу 19 часот и 30 минути во селото физички бил нападнат од неговиот соселанец З.Л.. Во пресметката подоцна се вклучиле уште две лица, нивни најблиски, а поради претходни нерасчистени должничко-доверителни односи.

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (25 декември) во 10 часот и 15 минути ги лишиле од слобода А.Д.(27), А.Д.(21) и И.Д.(48) од Гостивар поради сомнение за нивна инволвираност во физичка пресметка која се случила на улица „Шуматовска“, а во која учествувале и Б.Ј.(24), Ф.Ј.(51) и А.Ј.(27), исто така, од Гостивар. Во пресметката, според пријавеното, бил користен и остар предмет, додека причина за истата биле недоразбирања околу паркирање на возилата.

Дваесет и шестгодишниот гостиварец А.А., рано утрово  во 4 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека четириесетина минути пред тоа на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар физички бил нападнат од едно лице.

Ноќескаво 1 часот и 30 минути после полноќ, Ј.И.(21) од гостиварско Чајле во СВР Тетово пријавил дека на автопатот Гостивар-Тетово бил физички нападнат од едно лице од тетовско. На нападот му претходела нивна меѓусебна расправија во угостителски објект во Тетово, каде престојувал заедно со уште три лица.

Полицијата известува дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 6 минути

Астрономски календар, го трошиме 137-иот ден од годината…

Македонијапред 10 часа

Љупчо Палевски Палчо спроведен во Истражниот затвор во Шутка

Занимливостипред 13 часа

Како да ја одберете вистинската книга за читање?

Вестипред 16 часа

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 16 часа

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 17 часа

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 18 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 19 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 20 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена