Поврзи се со нас

Култура

Концерт на младата гостиварка Ендра Адеми

Објавено

на

 

Љубителите на класичната музика во Гостивар ќе имаат можност да уживаат во пијано концерт-рецитал на гостиварката Ендра Адеми. Настанот ќе се одржи на 14 август (понеделник) во гостиварскиот Центар за култура со почеток во 18 часот.

На програмата ќе се најдат дела од светски познатите композитори: Бах, Бетовен, Шопен, Рахмањинов, Качатуријан. Како гостин на концертот ќе настапи Теута Емини на флејта.

Ендра Адеми годинава го заврши средното образование во Државното средно музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ во Тетово. Со школување ќе продолжи на музичка академија. Минатата година, младата пијанистка, исто така имаше свој концерт пред гостиварската публика. До сега имала настапи и успешни учества на натпревари во повеќе градови низ Македонија и надвор од границите.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена