Поврзи се со нас

Македонија

Уште неколку дена за политички комбинаторики пред гласањето за техничката влада

Објавено

на

Во недела на полноќ (28 јануари) земјава треба да добие трета преодна влада која ќе ја предводи Талат Џафери, актуелен претседател на Собранието. Оваа Влада се бира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели претходно, на 24 април, ќе се одржат претседателските избори. Подготовките и кадровското екипирање на техничката влада се во тек, и се очекува да финишираат до петок. Премиерот Димитар Ковачевски и опозициската ВМРО-ДПМНЕ влегоа во политичка дебата за недавањето поддршка за техничката влада и можноста функциите за опозицијата да останат празни.

Ковачевски вчера изјави дека техничката влада е законска обврска и политичките партии од власта и опозиција треба да предложат свои кандидати и да ја поддржат во Парламентот. Тој вели дека има доволно време да се завршат формалностите и в недела да има гласање.

-Јас нема да бидам министер во техничката влада, туку ќе ја предводам кампањата на СДСМ на претстојните избори. Во однос на техничката влада, тоа е законска обврска и сите кои што учествуваат во техничката влада, тоа се политички партии од власта и опозицијата, треба прво да ги предложат своите кандидати и да ја поддржат владата во Парламентот. Има доволно време до недела тие формалности да се завршат и в недела да имаме гласање со кое што ќе добиеме техничка влада која што ќе ги спроведе изборите, рече Ковачевски на прес-конференцијата по состанокот на лидерите од регионот посветен на Планот за раст за Западен Балкан во одговор на новинарско прашање.

Ковачевски посочи дека секој треба да работи согласно законот и демократските принципи.

-Секој треба да работи во согласност со закон и во согласност со демократските принципи. Предлагате министри и ги поддржувате тие министри, не можете да очекувате да предложите министри, а некој друг да ги поддржува вашите министри. Такво нешто не постои во светската пракса и сметам дека има доволно денови за тоа да се направи до недела, додаде Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ, во контекст на формирањето на техничката влада и изјавата на Ковачевски нивните места да останат празни додека не ја гласаат техничката влада, посочува на членот 3 од Законот за Влада, во којшто, меѓу другото, се вели дека „мандатарот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор“.

Опозициската партија се уште нема донесено одлука за кадровските решенија во министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика и за дополнителните заменици министри. Засега се најавува само седница на Извршниот комитет на партијата за среда.

За тоа кога ќе бидат соопштени имињата на нивните претставници во техничката влада, вчера во изјава за медиумите координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека до крајот на неделата има уште време за тоа. Потврдува дека е планирана седница на Извршниот комитет за среда, но и тоа зависи од тоа што ќе се случува во наредните денови.

-Затоа што очигледно е дека немаме конкретен датум и немаме оставки, така што во наредните денови до крајот на неделата, односно до рокот којшто ќе биде утврден врз основа на оставките, ВМРО-ДПМНЕ ќе разговара и ќе предложи свои кандидати за сите овие отворени места, рече Мицевски.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски синоќа во телевизиско интервју рече дека принципиелен став на ВМРО-ДПМНЕ е и длабоко уверување на поддржувачите дека Талат Џафери не е достоен и не ја заслужува функцијата на технички премиер. Додаде и дека СДСМ во случајот е помалиот политички партнер во владата а главната карика во владата, главните конци во владата ги држи ДУИ.

Оставките на премиерот Ковачевски и на претседателот на Собранието Џафери би требало да се случат во деновите пред новата седница на Собранието закажана за петок, 26 јануари, кога би биле констатирани оставките и избран новиот претседател на Собранието Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ.

Од Кабинетот на Џафери вчера соопштија дека роковникот во однос на активностите во Собранието што беше претходно споделен останува непроменет.

-Во периодот од 22 до 28 јануари на пленарна седници ќе се реализираат следниве процедури: констатирање на оставка на претседател на Влада и претседател на Собрание, избор на нов претседател на Собрание, информирање на претседателот на државата за доделување на мандат на нов претседател на Влада, избор на Влада, министри, заменици министри и дополнителни заменици министри, како и констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник во Изборна единица 5. За сите активности и прецизни рокови ќе информираме навремено, посочија од Собранието по координацијата на 9 јануари.

На координациите со Џафери редовно не присуствуваат претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а сега и претставниците на албанската опозиција, која го бојкотира Собранието поради тоа што не е прифатен нивниот кандидат за член на Државната изборна комисија.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена