ИЗБОРИ 2024
Истекува рокот за објавување на условите за користење на места за изборни плакати
Денеска завршува рокот во кој општините се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.
Според Роковникот од Државната изборна комисија (ДИК), општините се задолжени да ги објават условите најдоцна 50 дена пред одржувањето на изборите, односно најдоцна до денеска, до полноќ.
Во тек е и увидот во Избирачкиот список, како и пријавите за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни и претседателски избори. Според официјалната страна на ДИК, досега се пристигнати вкупно 433 пријави од дијаспората, од кои најмногу има од Германија – 68 и од Словенија – 57.
Согласно Роковникот од ДИК, јавниот увид во Избирачкиот список завршува на 18 март, додека доставувањето на пријавите за гласање на изборите од гласачи од дијаспората е до 20 март.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок