Поврзи се со нас

Избори 2024

ДУИ: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај

Објавено

на

Демократската унија за интеграција денес се огласи со соопштение во кое се посочува дека партијата со голема загриженост ги следи како што наведуваат обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за Претседател, Бујар Османи, како и кон премиерот Талат Џафери, предупредувајќи за руско сценарио кое има за цел политички немири по 8 мај.

„Координирана со ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски и ЛЕВИЦА на Апасиев, како и во отсуство на изборна програма, коалицијата ВРЕДИ ги засили клеветите против Бујар Османи и Талат Џафери, а не ги штедат ниту семејствата на функционерите, нешто што ги загрижува и граѓаните, но известен е и меѓународниот фактор во земјата. Ја покануваме опозицијата, и албанската и македонската, да води кампања во согласност со европските и демократските вредности, бидејќи се што е против тоа значи оддалечување од Европската унија и приближување до Москва и Путин. Воедно, ја поздравуваме одлуката на ОБСЕ-ОДИХР да ги следи изборите на 24 април и 8 мај со 24 долгорочни набљудувачи и 300 краткорочни набљудувачи, бидејќи сметаме дека овие избори ќе бидат одлучувачки за иднината на земјата – да кажеме „ДА на Европа, НЕ на Русија“, се вели во соопштението и се додава: „ДУИ, како и низ другите години, ќе организира слободни, демократски и меѓународно прифатени избори, а обидите на опозицијата да предизвика криза ќе го добијат заслужениот одговор на 8 мај – кога конечно ќе биде запечатен нивниот пораз.“

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена