Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Што може да јадете навечер без страв од покачување на килограмите

Објавено

на

Врз основа на истражувањата, во случај на глад ноќе, најдобро е да се јадат закуски богати со хранливи материи – нутритиенти и со само еден макронутриент.

Тоа ќе ве одржи сит преку цела ноќ и ќе го одржува шеќерот во крвта стабилен, велат познавачите. Храната што може да се јаде вклучува, меѓу другото, и овесна каша. Ова е една од најдобрите намирници за пред спиење, бидејќи е богата со влакна и е добар извор на магнезиум што го подобрува спиењето. Сепак, препораката гласи: Прескокнете го засладувањето со шеќер.

Се препорачува и протеински микс со малку маснотии, без шеќер… Според познавачите, протеините се важен за губењето тежина. А пак, кога се комбинира со анаеробни вежби, протеин добиен од млеко може да помогне и во градењето и обновувањето на мускулите. Во таа смисла, 300 грама свежо сирење содржи околу 12 грама протеини. Тој протеин може да ја продолжи ситоста до утринските часови, додека триптофанот што го содржи може да помогне за подобар сон.

Кивито е една од најдобрите овошја за навечер, и тоа поради повеќе причини. Испитувањата посочуваат дека едно киви може позитивно да влијае на заспивањето, времетраењето и делотворноста на сонот кај возрасните лица. Како второ, кивито е и нискокалорично и полно хранливи материи, како што се: влакна, фолна киселина, калиум и витамини Ц, Е и К.

Натаму, бадемите може да ја задоволат желбата за грицкање доцна во ноќта, а истовремено обезбедуваат драгоцени протеини и се богати со магнезиум – минерал за којшто е докажано дека ја ублажува несоницата. Бадемите се богати и со мелатонин, хормон што го регулира циклусот спиење – будење.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена