Поврзи се со нас

Деца Родители

Како да направите правилен избор на брачен партнер?

Објавено

на

Еден од најважните предуслови за среќен брак  и хармонично семејствое правилниот избор на брачниот партнер. Тој никогаш не е случаен. Во изборот на партнерот учествуваат како свесни така и несвесни мотиви.

Бидејќи никој од нас не е идеален, па не можеме да очекуваме дека и партнерот ќе биде идеален, дека ќе ја задоволи преставата за идеална личност без недостатоци и слабости. Во периодот на забавувањето партнерите треба добро да се забавуваат,тие треба да создаваат реална слика за нивните животни погледи, за интересите, за потребите и вкусовите, за емоционалните реагирања во рзлини ситуации, како и за моралните и естетските ставови и вредности. Исто така треба да се осознае нивниот однос кон луѓето,начинот на комуникација, за надминувањето на конфликтите,како и многу други индивидуални карактеристики. За успешна брачна врска потребно е партнерите да се прилагодливи и да не се придржуваат кон цврсти ставови од кои никогаш не отстапуваат. Пожелно е да се запознаат и примарните семејства на партнерите и нивната емоционална врска што ги поврзува.

При донесување на одлука за склучување на брак не смее да се заборави и здравствената состојба на партнерот. Личноста е зрела за брак ако е физички, психички и социјално способна врз себе да ги превземео бврските и одговорностите кои произлегуваат од брачната заедница. При изборот на партнерот би требало да се зeмат во предвид и економските прилики, културното и образовното ниво, општествената припадност, воспитувањето и навиките на идниот партнер.

Кога зборуваме за изборот на партнерот со право може да кажеме дека се совпаѓаат љубовниот и брачниот партнер, кога односот прераснува во семеен. Со изборот на партнерот се пренесува минатото и се допира иднината.

Кога партнерите ќе склучат брак во нивниот живот се случуваат разни промени. Тие се соочуваат со фактот дека треба да се одвојат од  своето примарно семејство и треба да почнат  да живеат сами,без родителите. Дури и кога брачните партнери живеат во заедница со родителите треба да се повлече границапомеѓу примарното и новото семејство.

Одвојувањето  од родителите честопати е проследено со страв од осамостојување и загриженост пред обврските и одговорностите што ги носи новата заедница. Со склучувањето на бракот  партнерите градат нов идентитет.од партнерите се очекува воспоставување нови односи кон родителите, роднините, пријателите. Многу е важно развивање на стил на комуникација и начин на разрешување на конфликтите.

Односите меѓу партнерите во бракот се под силно влијание на претходните семејни односи. Ако партнерите не успеале да се ослободат од влијанието и да се диференцираат од примарното семејство може да дојдат во конфликт со лојалноста со новото семејство. Ваквите ситуации се најчесто  извор кај младите брачни партнери.

Зрелоста на партнерите се гледа и во способноста да се развијат одговорност кон новоформираното, а кон примарното да развијат нов квалитет со промена на улогите, базирани на рамноправност

Од друга страна семејствата од кои потекнуваат брачните партнери треба да се подготват и да дозволат одвојување  и стекнување на независност на младиот брачен пар. Младите треба да се храбрат, да им се даде шанса да се справат со предизвиците  на кризите во бракот, за да можe низ тие кризи да созреат и понатамu да ја развијат поквалитетно брачната и семејната заедница. Во тоа се огледа и мудроста на родителите да ги поддржат и да ги поттикнат своите деца да го изградат сопственото брачно гнездо.

(Следува – Животни циклуси на семејството)

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог
Советувалиште за брак и семејство,
Центар за социјална работа Гостивар
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 30 минути

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 3 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 4 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 6 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 7 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 8 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 10 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 10 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 11 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена