Локални избори 2017
Бејта денес меѓу граѓаните на Долна Бањица и населбата Грудаица
„Во нашиот мандат инвестиравме во секоја населба во Гостивар, без да правиме етнички или верски разлики. Во новата четиригодишна програма ќе продолжиме во тој правец. Во Долна Бањица предвидуваме реасфалтирање на патот од центарот на селото кон Горната Бањица, и на патот од центарот до населбата Дутлок, а помали улички ќе бидат поплочени со бекатонки. На жителите на Долна Бањица главен проблем им е регионалната депонија. Им дадов ветување дека во рок од 18 месеци ќе најдеме конечно решение за ова прашање, а Гостивар ќе стане најчистиот град во земјата. Цевките за вода ќе бидат заменети, а за љубителите на спортот и за младите ќе изградиме селски стадион кој е важен и за фудбалскиот клуб од ова село што се натпреварува во третата лига. Предвидивме и изградба на спортско игралиште и игралиште за деца.“, изјави при денешната посета на гостиварското село Долна Бањица, Кандидатот за градоначалник на Гостивар од ДУИ, Невзат Бејта.
Заедно со кандидати од советничката листа, Бејта оствари средби и со граѓаните на населбата Грудаица пред кои ја презентираа изборната програма „Утрешен Гостивар“ и ги слушнаа нивните потреби и барања.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот