Поврзи се со нас

Деца Родители

Семејство со адолесцент – Родителите да бидат флексибилни, но да го задржат авторитетот

Објавено

на

Семејство со адолесцент го опфаќа периодот на влегување на детето во пубертет до крајот на адолесценцијаата, меѓу 12 и 18 години. Во овој период од родителот се бара поголема флексибилност во однос на барањата на детето за поголема независност,и тоа како во погледите на животот,така и во однсеувањето. При тоа родителите треба да ги задржат својот авторитет, кој треба да биде заедничк и доследен,но максимално флексибилен, при што постојано ќе ги следи потребите и интересите на детето.

Периодот на адолесценција е подеденакво бурен период за детето и за семејството. Адолесцентот покажува зголемено интересирање за групата на врсниците како и за здобивање со поголема слобода,што може да доведе до конфликтни ситуации во семејството. Многу е опасно доколку родителите немаат заеднички родителски став во врска со чпотребите на адолесцентот. Во овој период семејството мора да развива поддршка и доверба кон адолесцентот за да може да ги искаже своите чувства, ставови и размислувања.

Претерано цврстите ставови на родителите преголемите барања на семејството создава услови на бунтовништво кај адолесцентот со отфрлање на сите норми и вредности на семејството. Без оглед на неговото однесување,колку адолесцентот и да ги отфрла  вредностите на семејниот систем,сепак тој во себе ги носи и пренесува вредностите на родителскиот систем. Во оваа фаза адолесцентот ги учи семејните, партнерските и родителските улоги. Затоа е многу важен здравиот партнерски однос кај родителите. Семејството мора да му помогне да адолесцентот да ја развие својата индивидуалност,односно да почне процес на одвојување и осамостојување од семејството. Ова е период кога родителите го прават својот животен баланс на успесите и неуспесите,како на личен така и на личен и семеен  и професионален план. Оваа фаза е исклучително кризна доколку родителите долг временски период живееле со неразрешени конфликти и недефинирани родителски улоги. Сите нереализирани цели и лични неуспеси можат да доведат до меѓусебно обвинување и конфликти повторно да се префрли врз детето, во релацијата  „дете-проблем“.

( Следува Постродителско семејство – „семејство со празно гнездо“)

пишува: м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство

Центар за социјална работа – Гостивар

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена