Вести
Промовирано делото „Гостиварски автори“
Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар беше промовирана библиографијата „Гостиварски автори“ од м-р Теута Османи, стручна книга која дава библиографски опис на дел од роднокрајната збирка на библиотеката од нејзиното основање до првата половина од 2016-та година.
Библиографијата содржи вкупно 579 библиографски единици сместени во три регистри: регистар на наслови, на автори и предметен регистар.
„Знаеме дека не се застапени сите автори и дела, иако ги исцрпивме сите можности да дојдеме до што поголем број од нив. Во таа насока, приоритет ќе ни биде заложбата оваа роднокрајна збирка да се прошири и пополни колку што е можно повеќе. Може да кажам дека гостиварското подрачје е исклучително богато со афирмирани автори и дела од сите области кои ја задолжиле македонската, албанската и турската книжевност.“, изјави Османи.
Богомир Наумоски, стручен советник и редактор го оцени делото како исклучително важен и редок труд од ваков вид и нагласи дека во неговата подготовка е вложено многу време, истражување и посветеност.
„Составувањето и издавањето на ова дело претставува пионерски зафат за Центарот за култура, градот Гостивар и пошироко и почеток на стручна работа во библиотечната дејност, излегување од зачмаеноста на библиотекарството како професијата. Се надевам дека ова ќе биде инспирација за нови зафати на библиотекарите“, истакна Наумоски.
Во библиографијата се опфатени: Гале Фиданоски, Тодор Чалоски, Радован Павловски, Шазим Мемети, Дритон Зенку…
Книгата е издадена со поддршка на Министерството за култура.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ