Поврзи се со нас

Вести

Од Гостивар испратена порака за детство без пречки

Објавено

на

 

Караванот на УНИЦЕФ денес во Гостивар организираше мини филмски фестивал под мотото „Караван за детство без пречки“, посветен на децата со посебни потреби. Во салата на Центарот за култура пред ученици и наставници од гостиварските училишта беа прикажани меѓународни анимирани филмови на теми поврзани со попреченост кај децата и различностите.

„Преку кампањата ги промовираме правата и способностите на децата.  Сметаме дека секое дете има право на развој, има право на радосно детство и треба да му бидат овозможени сите услови да го даде најдоброто од себе. Филмовите кои денес се прикажаа за децата во Гостивар зборуваат за тоа како децата може да бидат сакани и да имаат пријатели без оглед на нивните способности“, изјави Елзбет Ериксон, заменик претставик на УНИЦЕФ во Македонија.

На отворањето на манифестацијата се обрати и градоначалникот на Гостивар, Арбен Теравари кој истакна дека децата со попречености треба да имаат силна поддршка од сите институции и целото општество.

„Треба сериозно да размислиме за методот на инклузија и децата кои имаат пречки во развојот да се вклучат во институциите заедно со другите деца. Верувам дека во наредните години ќе почнеме да го  применуваме овој метод за децата со посебни потреби, онака како што е практика во развиените земји“, рече Таравари.

Караванот  на УНИЦЕФ, кој се реализира во соработка со Скопскиот филмски фестивал, претходно прошета низ неколку други градови во Македонија, а беше заокружен токму со денешниот настан во Гостивар.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена