Вести
ДУИ: На советниците од Алијанса им е полесно да прават прес отколку да работат
Огранокот на ДУИ во Гостивар се јави со реакција на денешната прес конференција на советничката група на Алијанса за Албанците.
„На Алијанса и на Таравари на вчерашната седница не им беа цел платите на наставниците, туку целта им беше да продолжат да вршат опструкции и да ја блокираат работата на Советот. Тоа се виде по нивното настојување да се прекине седницата. За разлика од нив, веќе консолидираното мнозинство во Советот одлучи да го потврди изборот на Насир Муслиу за претседател, за да може што поскоро Советот да почне да работи во интерес на граѓаните и инситуциите во Гостивар. Прашањето е како бараат да се одобрува одлука, а истовремено бараат да се прекине седницата. На советниците од Алијанса полесно им е да прават прес конференции и да кажуваат празни зборови, наместо да се зафатат со работа и конкретни проекти. Актуелното општинско раководство не е подготвено да се справи со проблемите па продолжува со реваншизмот и вработени во општината се испраќаат на работа во Комуналец. Консолидираното мнозинство е подготвено утре да свика седница и да ги одобри одлуките кои се за општото добро на граѓаните“, се вели во реакцијата на ДУИ.
Претпладнево на прес конференција, Њомза Шаќири, координатор на советничката групи на Алијансата за Албанците и коалиционите парнтери, посочи дека мнозиството на ДУИ прави опструкции во Советот и го прекршува правилникот за работа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок