Вести
Зошто седењето во ТИШИНА е многу важно!
Научниците велат дека седењето во тишина делува благотворно и ја поправа штетата врз организмот од преголемата количина на звуци. Сите звуци кои во денешно време не опкружуваат, посебно во големите градови, премногу ни го оптоваруваат мозокот и се причина за натрупан стрес, нервоза, депресија…
Еве зошто тишината е многу важна?
1.Тишината ве смирува
Кога настапува тишина, мозокот се смирува, тогаш се чувствувате мирно и смирено. Смирувањето на мозокот, го смирува и дишењето. Тишината ви дава можност подобро да се поврзете сами со себе, бидејќи ништо друго не ви го одзема вниманието.
2.Ги подобрува мозочните ќелии
Тишината има одлично влијание на мозокот, ги подобрува неговите ќелии и го подмладува. Процесот за подобрување на штетата на ќелиите, започнува после 2 часа седење во тишина. Тоа води кон подобро паметење, поголема толеранција на стресот и чувство дека убаво сте одмориле. Тишината за вашиот мозок е исто како здрава храна за вашето тело.
3.Ви нуди долгорочно задоволство
Паметните телефони, апаратите за игри, телевизијата… Всушност се зло кое ја истребува душата на човекот. Ако ги гледате секојдневно луѓето, ретко ќе пронајдете момент тие да се будни, а да не се под влијание на некој уред. Обидете се тие уреди да ги користите се помалку. Со тоа ќе си дозволите Вашиот мозок ќе одмори, а тоа ќе ви пружи задоволство и исполнетост.
4.Тишината ја подобрува функцијата на останатите сетила
Со седењето во тишина станувате свесни за своето опкружување и успевате да слушнете звукови кои пред тоа не сте имале можност. На пример, шумот на ветерот, пеењето на птиците, шушкање на листовите… Тишината не го подобрува сетилото за слушање, туку и останатите сетила. Нив галамата ги блокира, а тишината ги деблокира.
5.Го подобрува вниманието
Во тишина мозокот има можност да се одмори без напор и концентрација. Тоа е еден вид на фокусирање кое во тишината го правиме несвесно – му дозволуваме на умот да шета од едно на друго место. Тоа води кон поспоро темпо на животот и поволно делува на умот и телото. Концентрацијата се подобрува, паметењето подобро работи…
6.Во тишина сте поискрени
Додека седите во тишина, не можете да побегнете од длабоките мисли. Тогаш станувате многу повеќе отворени кон своите чувства, желби, мисли, можеби и кон чувството на тага. Луѓето во тишина се гледаат со други очи и стануваат поискрени кон себе. Некои работи им стануваат кристално јасни. Тогаш е полесно да се воочи проблемот и да се најде начин како да се реши, со ладна глава.
7.Го забавува брзиот ритам на живот
Во денешно време сите луѓе како да трчаат и да брзаат. Има полно обврски, а малку време. Но, многу е важно да се смириме и да ги согледаме сегашните моменти. Тишината смирува и забавува, а со самото тоа дава можност да се тргнете од натрупаниот стрес. Тишината ви ги отвара очите и ви покажува колку е важен сегашниот момент.
Дозволете си тишина 2 часа во денот. Така вашата психа ќе биде поздрава, а со самото тоа и вашето тело. Иако денеска и тешко да се пронајде катче за малку мир, сепак пробајте. Ќе се чувствувате подобро, ќе бидете посреќни. Дајте му на вашиот мозок можност малку да се собере. во мир да ги преработи сите информации и повторно да биде подготвен за нов предизвик.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот