Македонија
Шанса за работа за социјалци, жртви на насилство и други лица во социјален ризик
Агенцијата за вработување на Република Македонија објави оглас за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик.
Работниците ќе добиваат шестмесечна субвенција на бруто плата, а работодавачот потоа има обврска да го задржи работникот дополнителни шест месеци на работа. Во зависност од квалификациите на лицата, субвенцијата за плата ќе изнесува 17.500 или 19.500 денари.
Право на учество во програмата имаат невработени лица кои припаѓаат на една од целните групи и тоа: корисници на социјална парична помош, лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители, лица кои биле корисници на програмата Условен паричен надоместок за средно образование, членови на семејства корисници на детски додаток, жртви на семејно насилство и други ранливи категории.
Што се однесува до фирмите, може да се пријават оние кои не го намалиле бројот на вработени во периодот од објавувањето на јавниот повик до поднесување на барањето за субвенционирано вработување, освен во случај на пензионирање или смрт.
Пријавувањето се врши во Центарот за вработување, а трае до 28- ми февруари
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница