Вести
Конзерваторскиот Центар ја заокружува обновата на фасадите во централното подрачје на Гостивар
Со реставрацијата на фасадата на објектот на ул„Димитар Влахов“ бр. 4 на градскиот плоштад, која е во завршна фаза, ќе се заокружи проектот за обнова на фасадите на старите градби во централното градско подрачје на Гостивар. Националната установа Конзерваторски центар во рамките на овој проект спроведе активности за реставрација на вкупно единаесет објекти во центарот на градот.
„Со овој проект, кој го спроведовме со поддршка на Министерството за култура во голема мера се придонесе за зачувување на старата градска архитектура на Гостивар. Инаку, нашата установа во целост ја реализираше програмата предвидена за 2017-та година во која освен реставрација на фасадите, беа опфатени изработка на основни проекти за конзервација и реставрација на старата џамија во Равен како и на црквата Свети Димитрија во градот, потоа набавка на нови механизми за часовниците на Саат Кулата, неколку заштитни конзерваторски основи во опфатот на општина Гостивар и друго“, рече директорот на Конзерваторскиот Центар, Арјан Руфати.
Во заштита на културно-историското наследство на Гостивар минатата година биле вложени 4,7 милиони денари.
Конзерваторскиот Центар очекува поддршка за проекти од Министерството и за оваа година. Доколку добијат дозвола од Управата за заштита на културното наследство ќе започнат и со истражување на археолошки локалитети на гостиварското подрачје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот