Вести
Измамници во Малеарди оштетиле гостиварец за 72 илјади денари
Вчера ( 30 јануари ) околу 13 часот , Т.Д. (69) од Гостивар пријавил дека истиот ден во населбата Малеарди бил измамен од две непознати лица. Непознатите го пресретнале и му се претставиле дека едниот е од Србија, а другиот од Израел.
Тие му кажале дека претходно им се случила сообраќајна несреќа и дека во авто-сервис не им ги примале чековите за да го поправат возилото, а морале да ја однесат сопругата на едниот од нив во болница. При тоа, лицето што се претставило како Израелец од кутија извадил „дијамант“ и му го оставил на Т.Д. како гаранција дека ќе се вратат, доколку им даде 72.000 денари. Т.Д. им ги дал парите во апоени од по 2000 денари, но тие не се вратиле. На Т.Д. набрзо му станало јасно дека дијамантот е лажен и дека е измамен од двете непознати лица, известуваат од полицијата.
МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот