Вести
КК Гостивар третпат поразен на домашен терен – Блокотехна убедлива 68:86
По Работнички и Куманово, Блокотехна е третата екипа која успеа да слави на „жешкиот“ терен во Гостивар. Разликата е во тоа што првите две се мачеа до последниот звук на сирената, а гевгеличани ја имаа победата во своите раце веќе во средината на третата четвртина. Второпласираната екипа во првенството вчера триумфираше со 86:68 и го задржа чекорот со лидерот пред меѓусебниот дуел во следното коло од шампионатот.
Гостивар добро го почна натпреварот, по пет минути игра водеше со 15:10, а на 48 секунди пред крајот на првиот период и со највисоки шест разлика (26:20). Но, домаќините тука застанаа. Во тие 48 секунди и цела втора четвртина кошаркарите на Марјан Србиновски постигнаа само четири, а примија 21 поен, па Блокотехна со двоцифрена предност (41:30) замина на големиот одмор.
Таа криза во играта на Гостивар остави трага во натамошниот дел од мечот. Колку и да се трудеа, домаќините не успеваа да ја достигнат високата негатива која Блокотехна ја одржуваше, а на моменти и ја зголемуваше.
По четирите тројки во низа (три на Ѓуроски и една на Смит), во 29. минута гевгеличани поведоа и со 21 разлика (64:43). Со тоа исчезнаа сите надежи на Гостивар дека може, конечно, да победи една од првопласираните четири екипи на табелата.
Тотално потфрли шутот за три поени на Гостивар, домашните кошаркари во својата сала погодија само шест од 32 обида. Четири од нив беа дело на Ивица Димчевски. Сосема поинаков беше ефектот на Блокотехна чии играчи реализираа дури 14 тројки со 45% успешност.Димчевски и Магдевски беа единствените кои заслужија комплименти за својата игра во екипата на Гостивар. Мијатовиќ и Ѓуроски со по 16 поени беа најефикасни во тимот на Блокотехна.
КК Гостивар во следното коло ја пречекува екипата на МЗТ Скопје.
Во соработка со: basketball.mk
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот