Вести
Маски против брчки од вашата кујна
Многу жени се очајни штом ги забележат првите неправилности на своето лице. Додека мажите не се грижат премногу за брчките, жените трчаат до првата продавница и купуваат безброј креми кои ќе им помогнат за затегнување на нивната кожа. Секако одговорот не мора да го барате секогаш во најблиската апотека, бидејќи вашиот лек е поблиску отколку што мислите – во вашата кујна.
Маска од јајце и мед. За оваа маска ви се потребни едно јајце и 2 супени лажици мед. Мешајте се додека смесата не се соедини. Оваа маска чувајте ја 30 минути, па темелно измијте го лицето со топла вода.
Маска од пченкарно брашно. На водено лице ставете суво брашно. Почекајте да се исуши. Откако ќе се исуши, истријте го лицето со сув пешкир и измијте го со млака вода.
Маска од јаболко. Изрендајте половина јаболко, со рака истискајте го сокот. останатите резанци ставете ги на лицето. Оваа маска чувајте ја околу 20 минути, потоа измијте го лицето. Вашата кожа ќе биде свежа и затегната.
Маска од компир. Откако претходно ќе го измиете и излупите компирот, изрендајте го на ситната страна од рендето. Ставете го на вашето лице и исто како јаболкото, оставете го да делува 20 мин. Оваа маска ги содржи витамините Е и Ц, кои спречуваат стареење на вашето лице и создавање нови брчки.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар