Вести
Таравари за првите 100 дена работа: Го деполитизиравме образованието, ги зголемивме даночните приходи, штедиме пари…
„Го деполитизиравме образованието преку назначување на директори, главно предложени од самите колективи на училиштата, ги заменивме несоодветните образовни кадри со кадри со соодветна струка. Од превозот на ученици без фаворизирање на одредени компании, успеавме да заштедиме 250 илјади евра, пари кои ќе ги користиме за инвестиции. Благодарение на донатори, бизнисмени од Гостивар, привремено го решивме проблемот со покривот во ОУ„Гоце Делчев“, а во блиска иднина ќе го решиме долгорочно.“, изјави градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари на денешната прес конференција свикана по повод 100 дена по преземањето на локалната власт.
Градоначалникот нагласи дека наследиле празна општинска каса, а успеале да исплатат долгови од 200 илјади евра и да ги зголемат даночните приходи за 20%. Во очетот за 100 дена работа, истакна дека остварил средби и контакти со потенцијални домашни и странски инвеститори, дека општината добила грант од УНДП и ЕУ од 120 илјади евра, а граѓаните веќе можеле да следат дали има загадување на воздухот со поставената мерна станица.
Таравари на пресот даде две најави: дека во април ќе профункционира филтер станицата за вода, напоменувајќи дека објектот до сега не работел, а не бил направен ни технички прием и дека во јуни ќе започнат работите за уредување на депонијата Русино.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот