Вести
Грипот ги нападна гостиварци, се шират свински и јапонски грип
Гостивар е прв град во Македонија, по бројот на заболени од грип оваа сезона. Вирусот удри по здравјето на граѓаните и многу брзо се шири меѓу населението. Амбулантите се полни со пациенти кои се жалат на главоболка, покачена температура, болки во зглобови, болно грло, малаксаност и слично.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, на подрачјето на Гостивар до сега се регистрирани скоро 2.000 заразени, што е повеќе и од Скопје, каде има околу 1.800 случаи. Во гостиварско, вирусот се појави во есенските месеци, но зеде замав во февруари кога неделно заболуваат од 350 до 400 лица. Лекарите очекуваат стабилизација и намалување на бројката на заболени во текот на овој месец.
Тие советуваат болните да не одат на работа или во училиште, а здравите да практикуваат превентивни мерки. Да се избегнува собирање и престој во простории со повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни, често да се мијат рацете, просториите редовно да се проветруваат, да се пијат топли напитоци, овошни сокови и да се јаде храна богата со витамини и минерали.
Што се однесува до типот на грип, кај гостиварци лабараториски биле изолирани свински грип и тип Б или таканаречен Јапонски грип. Она што се знае за Јапонскиот грип е дека е позаразен и освен вообичаените симптоми може да предизвика чувство на гадење, повраќање и дијареа, особено кај деца. Грипот обично трае по една недела, во кој период пациентите мора да се одмораат, да внесуваат витамини и доволно течности.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!