Избори 2024
Почнаа двојните избори во Македонија

Во земјава денеска се одржуваат редовни парламентарни избори и втор круг од претседателските избори. Ова се единаесетти парламентарни избори на кои треба да бидат избрани 120 пратеници за собранискиот мандат 2024-2028 година.
Пратениците се избираат според пропорционалниот модел, при што местата се доделуваат по Донтовиот метод. Територијата на Републиката е поделена на шест изборни единици.
Право на глас на парламентарните избори имаат 1.815.350 избирачи запишани во Избирачкиот список. Во изводите од Избирачкиот список за гласање запишани се 1.716.664 избирачи.
Во Првата изборна единица има 313183 илјади гласачи, во Втората 321087, во Третата 275034, во Четвртата 278721, во Петата 310216 и во Шестата изборна единица 317109 илјади гласачи.
Во посебниот извод од Избирачкиот список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 96 010 избирачи, но на овие избори нема гласање за парламентарните избори во дијаспората.
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 гласачи запишани во Избирачкиот список. За претседател ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40 проценти од избирачите. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Доколку биде исполнет цензусот и биде избран претседател на државата, неговата инаугурација треба да биде на 12 мај.
Во случаите кога ДИК со решение ќе го повтори гласањето во вториот изборен круг по листи на кандидат, повтореното гласање во вториот изборен круг се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на вториот круг на гласањето во роковите определени од ДИК согласно Изборниот законик.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден