Поврзи се со нас

Вести

Приведено осомничено лице за грабежот во Халк банка во Гостивар

Објавено

на

Едно лице е приведено како осомничено за грабежот во Халк банка во Гостивар, соопшти денес на прес конференција директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Лазе Велковски. Се работи за  37 годишниот А.Б. од село Неготино, гостиварско, кој што е приведен и заедно со целокупниот документиран материјал и со кривичната пријава за кривично дело – “разбојништво“ е предаден на надлежен Јавен обвинител при ОЈО Гостивар, којшто му одреди 48 часовно задржување. 

Филмскиот грабеж се случи завчера околу 12 часот во експозитурата на Халк банка во Гостивар, лоцирана на бул „Гоце Делчев“. Лицето влегло во банката со качулка на главата и пиштол во рака. Со закана по живот побарало пари од еден од вработените, при што одзело поголема сума на пари.  Веднаш потоа ја напуштило банката и со возило паркирано пред објектот, во кое имало уште едно лице, побегнале.

Првично, полицијата излезе со сума од милион и триста илјади денари, а денес објави дека се работи за украдени 2 милиони денари.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена