Вести
Повредени две момчиња од Чајле, со четирицикл удриле во ограден ѕид од куќа
Едно лице завршило со потешки, а едно со полесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила околу 17.45 часот во гостиварското село Беловиште. Момчињата на возраст од неполни 18 години од Чајле, се возеле на четирицикл (мотор на четири тркала) без регистарски таблици. Според информациите од портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски од засега непознати причини, возилото изгубило контрола и удрило во ограден ѕид од куќа во Беловиште и се превртело.
Возачот, С.С. се здобил со тешки повреди, скршеници и по укажаната медицинска помош во гостиварската болница бил префрлен на скопските клиники. Сопатникот М.Р. се здобил со лесни телесни повреди и по добиената лекарска помош бил пуштен дома.
Со овластување на Јавен обвинител, увид извршила полициска екипа. Причините и околностите на несреќата се утврдуваат.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ