Македонија
Гостиварци пустошеле низ Охрид и Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, канцеларијата за криминалистички работи од Струга, поднесе кривична пријава против Џ.И. (22) од Гостивар.
Пријавениот, тешките кражби ги сторил на втори минатиот месец, најнапред од канцеларија на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство-подрачна единица Струга а потоа и во неколку продавници на улицата „Маршал Тито“ како и во канцеларијата на една автошкола на улицата „Ристо Крле“ во Струга.
-Кривичните дела, Џ.И. ги вршел со употреба на подесен предмет со кој насилно ги отворал влезните врати од објектите по што, вршел пребарување и одзел мобилни телефони, пари како и резервни клучеви од возило марка „Даеву Матиз“ кое го користел за свои потреби.
На 17-ти минатиот месец, пријавениот, една тешка кражба сторил заедно со А.М. (20). Со употреба на подесен алат, двајцата ја оштетиле бравата од влезна врата на маркет лоциран на улицата „Јна“ во Струга, од каде противправно одзеле метална каса со пари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Во периодот од 2009 до 2016 година, пријавениот Џ.И. на подрачјето на СВР Охрид кривично е пријавен за сторени вкупно 104 кривични дела и тоа 38 дела на подрачјето на полициската станица Охрид, 30 на подрачјето на Струга и 36 на подрачјето на Кичево. Само во текот на 2016 година, против него поднесени се 4 кривични пријави за сторени 8 кривични дела од кои 6 „тешка кражба“ и 2 дела „одземање на моторно возило“.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот