Здравје и убавина
Зошто болат глава и коски „на времето“?
Главоболки или болки на стари рани и коските при промена на времето се честа појава. Како е можно временските услови да имаат толку силно влијание врз човековото тело е прашање кое Хипократ го поставил уште пред 2.400 години, а на кое до ден денес нема конечен научно поткрепен одговор.
Доктор Роберт Џемисон, професор по психијатрија и анестезиологија на Харвард, долго време го прочувал влијанието на времето врз хронично болни луѓе и дошол до неколку теории. Една од водечките теории се фокусира на промената на атмосферскиот притисок, кој најдобро може да се опише како „тежина на атмосферата која не опкружува“. Високиот атмосферски притисок ги турка ткивата кон телото и едноставно не им дозволува да се шират. Но, пред да настапат лоши временски услови, атмосферскиот притисок паѓа и им дозволува на ткивата да се шират, а тие создаваат притисок на зглобовите. Телото регистрира болка, иако се работи за микроскопски разлики.
Кои временски прилики какви здравствени маки носат?
Невреме проследено со грмотевици го зголемува ризикот од главоболка за 31%, покажале истражувањата. Научниците сметаат дека причината за тоа лежи во електромагнетните бранови кои ги емитува громот. Невреме со грмотевици особено не им оди во прилог на оние кои страдаат од мигрена.
Студенилото носи големи болки кај лицата кои страдаат од ревматиден артрит. Ризикот да се појават болки на ниски температури се зголемува за 16%.
Облачното тмурно време делува врз расположението и предизвикува симптоми на депресија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар