Поврзи се со нас

Култура

Гостивар подготвен за поетско уживање – „Литературни искри“ по петти пат

Објавено

на

Подготовките за петтото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, кое ќе се одржи во сабота, се при крај. Организаторите денес информираа дека манифестацијата ќе донесе квалитетни поетски имиња во Гостивар и ќе приреди уживање за љубителите на пишаниот збор.

„Подготовките кои траеа два месеци наназад, веќе се при крај и може да кажеме дека Гостивар ќе биде место на еден голем поетски настан што долго ќе се памети. Да потсетиме дека годинава на конкурсот се пријавија околу 100 автори, од кои жири комисијата ги избра 12-те финалисти кои ќе се претстават на фестивалот во сабота и кои влегоа во трка за наградите. Знаеме дека наградите се предизвик и се многу посакувани од сите финалисти, но сакам да потенцирам дека и самиот влез во финалето, поетите треба да го сфатат како огромен успех, со оглед на големата конкуренција и строгоста на жири комисијата во оценувањето“, рече Љупка Антеска, координатор на фестивалот.

„Литературни искри“ го организираат Центарот за култура АСНОМ од Гостивар и културното здружение Дунек.

„Во оваа прилика ги покануваме сите љубители на пишаниот збор да дојдат и заедно да уживаме на фестивалот, во сабота во малата сала на Центарот за култура, со почеток во 12 часот“, рече Вјолца Бафтиу Зулбеари од НУЦК АСНОМ.

Поетскиот фестивал  се одржува во чест на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Оваа година финансиски е поддржан од општина Гостивар и спонзори.

Gostivarpress.mk е медиумски партнер на манифестацијата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена