Вести
Советникот Салиу од ДСР на прес образложи зошто побарал повлекување на Акцискиот план за Ромите во Гостивар
„Не сум против донесувањето на Акцискиот план за Ромите, напротив, но сметам дека тој треба да се ажурира и во него да влезат проектите предложени од локалната група која десет години наназад работеше на креирање на акциски планови за ромските прашања. Тоа е причината поради која побарав акцискиот план да се повлече од дневен ред на седницата на Советот во понеделник. Претходно јас лично се консултирав со Комисијата, точката да помине и да дојде на дневен ред, но акцискиот план го добив дури откако помина на комисија. Тогаш се консултирав со локалната група, тие ми кажаа дека добар дел од приоритетите коишто тие ги донеле како група и жители Роми на Гостивар не се ставени во предложениот Акциски план и побараа од мене како Советник оваа точка да се повлече со цел групата заедно со предлагачот да го ажурира и прошири и како таков севкупно да го изгласаме“, рече Кашмир Салиу, советник од Демократски сили на Ромите кој денес свика прес конференција за да ги образложи причините зошто побара да се повлече Акцискиот план за Ромите од дневен ред на седницата во понеделникот.
Тој нагласи дека неговата изјава дадена на денот на седницата, од одредени поединци била извадена од контекст со политичка позадина и дека ја поздравува вољата на градоначалникот Таравари за решавање на приоритетните проблеми за ромската популација во Гостивар. „Најавувам дека Акцискиот план може да го донесеме без никаков проблем на наредна седница откако ќе се направи координирање со групата од страна на општината“, изјави Салиу.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок